Проколнатата „деветка“ на Челзи доби нов сопственик

Младиот напаѓач Тами Абрахам ќе ја има честа во новата сезона да го носи дресот со бројот 9 во Челзи. Абрахам е „дете на Челзи“, бидејќи на седумгодишна возраст првпат дошол во клубот. По 12 години поминати во академијата, во 2016 година Абрахам дебитираше за Челзи, но потоа три сезони беше даван на позајмица, и тоа во Бристон сити, Свонси и Астон вила.

Новиот тренер на Челзи, Френк Лампард, летово реши да го врати Абрахам на „Стемфорд бриџ“, па дури и му го понуди дресот со бројот девет.

„За мене е голема чест што ќе ја носам „деветката“ во Челзи. Разговарав со менаџерот и тој ме праша дали сум подготвен за таков предизвик. Одговорив потврдно и навистина ми е мило што токму мене ми е понуден овој број“, рече Абрахам.

Низ историјата, посебно во последните 30-тина години, се зборува за „проклетството“ на овој број во Челзи. Играчите кои го носат дресот со бројот 9, едноставно не може да се снајдат. Единствен исклучок во овој период е Џими Флојд Хаелбенк, кој блескаше како напаѓач на „Стемфорд бриџ“.

„Слушнав секакви глупости за бројката 9 во Челзи. Јас сум тука за да го дадам најдоброто од мене. Фудбалот носи голем притисок, но тоа е и мотив повеќе да дадам што е можно повеќе голови“, рече Абрахам.

Од играчите кои го носеле дресот со бројот девет, а не се прославиле во Челзи се: Игуаин, Мората, Фалкао, Торес, Кежман, Ди Санто, Сидвел..

- Оглас -

Најнови вести