Пропадна боксерскиот спектакл Фјури – Усик

Преговорите за боксерскиот меч за апсолутен шампион во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик дефинитивно пропаднаа, објави телевијата Скај.
Оваа вест за Скај ја потврди промоторот на Украинецот, Александер Красик.

Мечот помеѓу Усик, кој е шампион во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО, и Фјури, кој е сопственик на шампионскиот појас во верзијата ВБЦ, требаше да се одржи на 29 април на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Фјури за време на преговорите бараше заработката од мечот да се распредели 70-30 во негова корист, на што се согласи Усик, но под услов Британецот да донира милион фунти за помош на Украина.

На крајот не дојде до конечен договор, по што промоторот на Усик потврди дека преговорите пропаднаа и укранскиот боксер го затворил тренинг-кампот и веќе почнал да размислува за следниот противник.

Усик титулите ќе мора да ги брани против задолжителниот предизвикувач во верзијата ВБА, Даниел Дубоа.

- Оглас -

Најнови вести