Пропадна кинескиот фудбалски проект – Имаат две екипи во ЛШ со вкупна гол-разлика 0:25

Кинескиот фудбалски проект што се најавуваше како долгорочен за голем развој на најважната споредна работа на светот брзо пропадна, за помалку од една деценија.

Кинеските екипи имаат катастрофален настап во азиската Лига на шампиони, која е во тек, и двете екипи што играат имаат вкупна гол-разлика од 0:25 со по два порази во првите две кола.

Третата, Шангај порт требаше да игра во последната Ј група во Лигата на шампионите, но се откажа, што се покажа и како подобар потег од учеството на Гвангжу и на Шандонг.

Гвангжу има два порази во И групата со неверојатно лоша гол-разлика од 0:13, а денеска загуби со 0:8 од јапонскиот Кавасаки.

Без постигнат гол, со еден помалку примен од Гвангжу, катастрофален е и учинокот на Шандонг тајшан.

И тие денеска играа со јапонски тим, против Урава и загубија со 5:0.

Во најсилните кинески екипи до неодамна играа познати фудбалски асови со фантастични трансфери и плати, но проектот очигледно пропадна, па сега играат само домашни фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести