Пропадна планот за изненадување, Летонците во Скопје без Вишнаковс

Славиша Стојановиќ имаше план да го врати искусниот играч од средниот ред Алексеј Вишнаковс во националниот тим за мечевите со Македонија и Полска, но поради повреда, тој остана во Рига.

Вишнаковс не беше дел од репрезентацијата на Летонија за мечевите во Лигата на нациите, односно еднаш беше резерва и не беше во преден план кај претходниот селектор Миха Пателаинен.

Стојановиќ го приклучи 35-годишниот ветеран за да помогне за двата стартни меча, како летонско изненадување за нас во Скопје, задутре од 20.45 часот и потоа со Полска. Но, Вишнаковс не се рехабилитира навреме и не допатува во Скопје. Само голманот Андрис Ванис со 97 настапи е пред Вишнаковс, играч кој собра 81 меч во дресот со националните обележја на Летонија.

Летонците допатуваа во Скопје со 25-мина фудбалери, откако пред Вишнаковс од поширокиот список отпаднаа и Артурс Зјузинс и Јевгенијс Казачокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести