Проработе стравот кај Србите, се повреди Теодосиќ

Кошаркарската репрезентација на Србија вчера ја одигра последната контролка пред преселбата во Кина во пресрет на Светското првенство. Во белградска „Арена“ избраниците на Александар Ѓорѓевиќ беа подобри од Литванија со 72:68, но победата беше засенета од повредата на нивниот плејмејкер Милош Теодосиќ.

Новиот член на Виртус Болоња запиша само неколку минути пред да се здобие со повреда на стопалото, по што веднаш беше пренесен во болница да се утврди сериозноста на повредата.

Србите во исчекување на вестите стравуваат дека ќе бидат ослабени со евентуалното отсуство на Теодосиќ, кој е значајна фигура во репрезентацијата. До стартот на Мундобаскетот остануваат уште 20 дена, така што Теодосиќ ќе биде во трка со времето да се врати во полна пареа.

Нашиот северен сосед во групата Д ќе се соочи со селекциите на Ангола, Филипини и Италија.

- Оглас -

Најнови вести