Проширено и надградено од Холанѓаните – Во Амстердам македонските јунаци ќе играат пред 16 илјади гледачи

Одлични вести пристигнуваат од Холандија и на дуелот меѓу популарните Лалиња и Македонија на 21 јуни во Амстердам ќе има повеќе публика од предвиденото.

Владата на Холандија дозволи за сите три натпревари на својата репрезентација, против Украина, Австрија и Македонија да има 16 илјади гледачи на „Јохан Кројф“ арената наместо првично предвидените 12 илјади.

Холанѓаните ќе го почнат настапот на ЕП со Украина на 13 јуни, потоа гости ќе бидат Австријците и за крај на натпреварите во Ц групата, на Лалињата им доаѓа Македонија на 21 јуни, во меч што ќе се игра од 18 часот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести