Просинечки: Македонија не изгледаше добро против Молдавија, против нас ќе сакаат да го поправат впечатокот

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот ќе игра против Црна Гора во пријателски меч на неутрален терен во Анталија. За двете селекции ова е контрола во пресрет на мечевите во Лигата на нации кои ќе се играат во втората половина од 2024 година.

Македонија во Анталија одигра 1:1 против Молдавија, а Црна Гора славеше со 2:0 над Белорусија.

„Момците имаа голем мотив против Белорусија и тоа се виде на теренот. Дојде нов селектор и нормално е дека сите имаат желба да се докажат. Беа многу борбени. Тактички беа одлични и се надевам дека и на другите дуели ќе бидеме во ист ритам. Тука дојдовме да започнеме нова приказна. Важен е резултатот, но поважно да се запознаеме и одиграме онака како што планираме“, вели Просинечки во изјава за црногорскиот медиум „Вијести“ кој додаде дека против Македонија речиси комплетно ќе го промени составот од тој со кој играше против Белорусија.

„Само Јоветиќ ќе остане во тимот, затоа што сакаме да му дадеме минутажа која му недостасува во Олимпијакос“, додава новиот селектор на Црна Гора.

Што се однесува за играта на Македонија, хрватскиот стратег на чело на Црна Гора вели дека нашата репрезентација не одиграла добро против Молдавија.

„Го гледавме мечот на Македонија со Молдавија и не изгледаа добро. Против нас сигурно ќе бидат помотивирани, ќе сакаат да победат и да го поправат впечатокот. Имаат голем индивидуален квалитет. Нивните играчи прават разлика во добри клубови. Нема да биде лесен меч. Но, оптимисти сме. момците добро работат, а не се ни уморни затоа што ќе ја променам екипата. Во секој случај ќе биде интересно“, анализира Просинечки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести