Прославениот голман имаше тешка сообраќајка откако неговиот автомобил се преврте

Некогашниот голман на Наполи и Рома, Морган де Санктис имал тешка сообраќајна несреќа, откако неговиот автомобил се превртел. Несреќата се случила во Рим, а Де Санктис итно бил префрлен во болница и опериран. За среќа, сега се наоѓа надвор од животна опасност.

Според лекарскиот извештај, актуелниот извршен директор на Рома се здобил со повреди на грбот и ребрата, а имал и други помали повреди на телото. Де Санктис е свесен, но некое време ќе помине во болница за да му бидат направени сите потребни прегледи.

Де Санктис кариерата ја почна во Пескара, а потоа потпиша за Јувентус, но не можеше да се докаже покрај Џиџи Буфон. Потоа направи трансфер во Удинизе каде помина осум сезони, за потоа да прејде во тимот на Севилја. Бранеше и за Галатасарај, Наполи, Рома, а кариерата ја заврши во 2017 година како голман на Монако. Имаше и шест настапи за репрезентацијата на Италија.

- Оглас -

Најнови вести