Простачки гест за Словенецот Куртиќ, кому му го покажуваше половиот орган? (Видео)

По завршувањето на синоќешната фудбалска средба Словенија – Србија од Лигата на нациите, домашниот репрезентативец Јасмин Куртиќ направи еден некултурен гест. Тој се држеше за половиот орган и го покажуваше кон трибините.

Има две опции кому бил наменет овој простачки потег на фудбалерот на Парма, кој сезонава беше позајмен во солунскиот ПАОК.

Според некои, тој им се обратил на српските навивачи, но самиот Куртиќ изјави дека толкувањето е погрешно и дека вака сакал да им се реваншира на словенечките новинари, кои ги критикувале Словенците по убедливиот пораз во Белград дека „немаат мадиња“.

- Оглас -

Најнови вести