Протестираа кај судијата за фаул, а противниците им дадоа гол (Видео)

Доказ дека некогаш едноставно не вреди да се протестира за секоја судиска одлука, е ситуацијата од српското првенство меѓу Јагодина и Слога Краљево. Домаќините беа во напад кога судијата досуди фаул за Јагодина на 20-тина метри од голот.

Поголем дел од гостинските фудбалери веднаш се стрчаа кон главниот судија и протестираа дека нема фаул. Додека гостите се бунеа, играчите на Јагодина го изведоа слободниот удар и лесно стигнаа до гол-позиција, па ја затресоа мрежата на противникот.

Дека протестите на играчите на Слога многу не го загрижија судијата, се потврди и при постигнување на вториот гол на Јагодина, кој беше постигнат откако арбитерот досуди пенал за домаќините.

Спорната ситуација за првиот гол на Јагодина е на 1:10 минута од видеото.

 

 

- Оглас -

Најнови вести