И Новак аплаудираше – Против Ѓоковиќ немаше шанси, ама го има потегот на денот (Видео)

Микаел Имер доживеа вистински дебакл во дуелот со Новак Ѓоковиќ, загуби со 0:6, 2:6 и 3:6, што не е неочекувано против најдобриот светски тенисер, а како утеха го има најдобриот потег на денот на Ролан Гарос.

Во вториот сет шведскиот тенисер во тешка позиција изведе прекрасен твинер или удар меѓу нозе кога беше свртен со грб и успеа да го погоди полето на противникот.

https://twitter.com/atptour/status/1310958420875448321?s=20

Аплаудираше и Ѓоковиќ за фантастичниот удар на Имер, тенисер што сепак не успеа да му пружи посериозен отпор на првиот носител во Париз.

Новак на убедлив начин се пласираше во второто коло на гренслемот, каде што го очекува дуел со Литванецот Рикардас Беранкис.

- Оглас -

Најнови вести