Против Словенија во терминот во кој го победивме Чиле, а квотата за победа на Македонија расте

Сите три натпревари кои репрезентацијата на Македонија ќе ги игра во втората фаза на Светското првенство во Египет, ќе почнат во терминот од 15.30 часот. Ова може да биде и добра вест, бидејќи нема да се наруши биоритамот на играчите, а и единствениот меч кој Црвено-жолтите го играа во тој термин, победија против Чиле.

Прв противник утре е Словенија, потоа на 22 јануари следи дуел со Русија, на крај на 24-ти јаниуари против Белорусија. Сите натпревари македонската селекција ќе ги одигра во терминот од 15.30 часот и на сите нашиот национален тим ќе биде аутсајдер на хартија.

За победа на Македонија против Словенија, квотата во Sport Life е дури 11.

- Оглас -

Најнови вести