Против Уеска без Куртоа, Модриќ и Крос, но со Зидан во почетните 11

Реал Мадрид во невообичаен и комбиниран состав ќе го игра вечерашниот натпревар од шпанската лига против Уеска. Тренерот Зинедин Зидан реши да им даде одмор на Рафаел Варан, Лука Модриќ, Тони Крос и Марко Асенсио, повреден е Тибо Куртоа, па ова отвора простор за некои од резервистите да се докажат.

Според шпанските медиуми, Зидан сака да провери на кои резервни играчи може да смета и следната сезона, па вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе извади „чуден“ состав во кој ќе има многу играчи кои досега имаа мала минутажа. Едно од изненадувањата може да биде и на голманската позиција. Нема да биде чудно ако на голот не биде Кејлор Навас, туку шанса да добие синот на Зизу, Лука Зидан.

Лука кој има 20 години, само еднаш бил стартер во првиот тим на Реал, во последното коло од минатата сезона, на гостувањето кај Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести