Противникот лежеше на земја, а тој со топка намерно го погоди во глава за да изнуди корнер (Видео)

На мечот меѓу Ал-Фатах и Ал-Шабаб во фудбалското првенство на Саудиска Арабија беше виден еден необичен момент. Домаќините победија со 4:1, а освен петте погодоци, моментот по кој ќе се памти овој меч е кога беше досуден еден корнер.

Во еден дуел меѓу Шпанецот Фран Велез и полскиот интернационалец Гжегож Кришовјак, Полјакот остана да лежи на земја држејќи се со рацете на главата.

Велез наместо да ја исфрли топката во аут и да се укаже помош на противникот, Шпанецот реши да шутира во главата на противникот, а потоа топката заврши во корнер. Судијата не реагираше на овој потег и едноставно само досуди корнер.

Откако доби аут за својот тим, Шпанецот реши да му се извини на противникот, а Полјакот реагираше кај помошникот судија, но доби инструкција само да се повлече и да застане во одбранбена позиција. По начинот на кој Кришовјак веднаш стана, многумина сметаат дека Полјакот симулирал повреда и дека потегот на противникот не е толку некоректен.

- Оглас -

Најнови вести