Противниците во паника, тим од Боливија доби дозвола да игра на 4.000 метри надморска височина

Јужноамериканската фудбалска федерација Конмебол даде зелено светло натпреварот во Копа Либертадорес меѓу боливискиот тим Олвејс реди и перуанскиот Спортинг Кристал, кој е закажан за 20 февруари, да се игра во боливискиот град Ел Алто, кој се наоѓа на 4083 метри надморска височина, објави боливискиот клуб.

Оваа одлука ги разочара во Спортинг Кристал бидејќи ќе мора да играат во неверојатно тешки услови, односно ќе имаат големи проблеми поради реткиот воздух кој ќе им создава големи проблеми при дишењето.

Сите фудбалери кои играат во Боливија, и тоа во главниот град Ла Паз, кој се наоѓа на 3.640 метри надморска височина се жалат на невозможни услови бидејќи не се навикнати на реткиот воздух и имаат проблеми со дишењето, а Ел Алто е речиси на 350 метри повисока надморска височина.

Стадионот во Ел Алто, „Вила Ингенио„ е отворен во 2017 година и има капацитет од 25.000 седишта.

Стадионот во Ел Алто не е „највисок“ во Јужна Америка. Стадионот „Даниел Алсидес Карион“ кој се наоѓа во Серо де Паско во Перу е дури на 4.378 метри надморска височина.

 

- Оглас -

Најнови вести