Провокација од Селта Виго за Реал: Мадриѓани повелете да се сликате со единствениот трофеј што го немате освоено!

Селта на свој терен во Виго вечерва ќе биде домаќин на актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид, во меч од 10. коло на шпанската Примера дивисион. Кралскиот клуб е голем фаворит, а традицијата вели дека против Селта Виго има 13 победи и две нерешени во последните 15 меѓусебни средби.

Челниците на Селта Виго се одлучија на еден интересен потег, а тоа е пред стадионот да го истакнат трофејот кој овој клуб го освои во Интертото купот во 2000 година. Токму Интертото купот е единствениот куп кој Реал Мадрид никогаш го нема освоено во својата историја.

Од Селта Виго најавија дека сите навивачи на Реал Мадрид ќе имаат можност да се фотографираат со трофејот од Интертото купот, кој никогаш нема да може да се најде во витрините на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести