Прв бод за Барнли по враќањето во Премиер лигата

Нотингам форест и Барнли ремизираа 1-1 во вечерашниот меч од англиската Премиер лига. За Барнли, кој лани преубедливо го освои првото место во Чемпионшип, ова е прв бод сезонава во Премиер лигата.

Ова беше прв прволигашки меѓусебен дуел на овие клубови уште од далечната сезона 1970/71 наваму.

Барнли поведе во финишот на првото полувреме со гол на Швајцарецот Амдуни, а израмни најновото засилување и некогашен играч на Челзи, Хадсон-Одои, кој на 1 септември потпиша за Форест и даде убав гол на своето деби, покажувајќи дека трансферот од 3 милиони е исплатлив.

Инаку ВАР-технологијата во два наврати беше во полза на домашните. Најпрвин кога беше поништен гол на Барнли за 2-1, а потоа и во финишот кога беше исклучен играч на Барнли.

За Шумарите од Нотингм заврши серијата од четири домашни премиерлигашки победи по ред.

- Оглас -

Најнови вести