Прв голем кикс на ВАР во плејофот за Лигата на шампионите

Eкипата на Бриж на синоќешното гостување во Линц кај ЛАСК победи со 1-0 благодарение на гол од пенал, но пред да се направи фаулот за најстрога казна, играч на Бриж беше во офсајд, а тоа не беше забележано од судиите кои применуваа ВАР-технологија.

Од австрискиот клуб со право се лутат, а ова е првпат во елитното клупско натпреварување да се случи ваков пропуст.

„Зошто воопшто постои ВАР? Поради таа грешка, сега Бриж има голема предност пред реваншот“, рече потпретседателот на ЛАСК, Јирген Вернер.

- Оглас -

Најнови вести