Прв меч на тимот на Дејвид Бекам во МЛС и постигнат е гол за паметење (Видео)

Интер Мајами, новиот клуб во американското фудбалско првенство, стартуваше со пораз. Интер Мајами е клуб на прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам, а од оваа сезона доби дозвола за настап во МЛС. Во првиот меч, Интер Мајами гостуваше кај Лос Анџелес, а домаќините победија минимално со 1:0.

Во првиот меч од новата сезона во американското првенство веќе беше постигнат погодок кој може да конкурира и за гол на сезоната. Најдобриот стрелец од ланската сезона, Карлос Вела, направи блескав потег. Тој доби една топка во противничката половина, успеа да се ослободи од тројца ривали, а кога се најде на врвот од шеснаесетникот, забележа дека голманот на гостите е подизлезен и реши да го лобува. Не само што успеа да даде гол, Вела го натера голманот на Интер Мајами сам да се вплетка во сопствената мрежа.

- Оглас -

Најнови вести