Прв меч под името „Тоше Проески“ и стадионот е речиси полн

Македонската фудбалска репрезентација има поддршка од околу 25.000 гледачи на стадионот во Скопје. Ова е прв меч на најголемиот наш стадион, откако тој го доби името „Тоше Проески“, во чест на легендарниот пејач кој загина пред повеќе од 10 години.

Тоше беше пејач кој кога правеше концерти на стадионот во Скопје, тој секогаш беше исполнет. Така е и сега, во дебитантскиот настап на Македонија откакостадионот го носи неговот име. Во употреба беа пуштени Јужната и Северната трибина и двете се исполнети речиси до последно место.

Освен македонските навивачи, на Источната трибина има и околу 2.000 навивачи на Полска. Пред почетокот на мечот, гостинските фанови направија меѓусебна масовна тепачка, во која беа уапсени околу 200 навивачи. 

- Оглас -

Најнови вести