Прв меч за Јанис и Лилард заедно, победата на Милвоки треба да биде сигурица на вечерта (Фото)

Милвоки бакс е фаворит против Филаделфија 76-ерс, а исто толкав фаворит според квотите во Sport Life e и Лос Анџелес лејкерс против Феникс санс во двата вечерашни натпревари кои се играат во кошаркарската НБА-лига.

Во дербито на Истокот, за двата тима тоа е прв меч сезонава. Фановите со нетрпение очекуваат да видат како ќе изгледаат Елените предводени од Јанис Адетокумбо, кои летово се засилија со Демиен Лилард и сега во своите редови имаат двајца играчи кои во минатата сезона имаа просек од над 30 поени по меч. Хендикеп за гостите од Филаделфија е најавеното отсуство на Џејмс Харден.

Квотите го фаворизираат и Лејкерс против Сонцата, иако во првите мечеви на овие тимови сезонава, Езерџиите загубија, а Санс победија.

Во понудата на Sport Life има 20-мина кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат и дали ќе ја надминат зададената граница.

- Оглас -

Најнови вести