Прв меч за Спировски во новата сезона и веднаш гол

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски во овие моменти игра за својот Ференцварош во мечот од четвртото коло во Унгарија против Академија Пушкаш. Унгарскиот првак води со 1-0 по половина час игра токму со првенецот на Спировски за оваа сезона.

Ова е прв настап за македонскиот играч за врска во новата сезона, откако претходно закрепнуваше од тешка повреда на на коленото поради која беше во аут повеќе од пет месеци. Погодокот против Академија Пушкаш е одличен начин да си ја врати самодовербата, а се надеваме дека нема да му биде последен и уште многу пати ќе се радува на свој гол.

- Оглас -

Најнови вести