Прв посткорона отказ во Бундеслигата

Првиот посткорона отказ во Бундеслигата го доби Алфред Шреудер, досегашниот тренер на Хофенхајм. Клубот ја прекина соработката со холандскиот стратег кој застана на клупата пред почетокот на оваа сезона, како замена за Јулијан Нагелсман.

Иако неговиот договор важеше до 2022 година, двете страни се согласија на предвремен прекин, а во преостанатите четири меча целиот стручен штаб ќе ги извршува должностите во предводење на екипата, додека во стратегијата збор ќе има и техничкиот директор Александер Росен.

По водство на Шреудер, Хофенхајм во 30 меча оствари 12 победи, 11 порази и седум ремија, со 43 бода тимот стои на седмата позиција и има шанси за пласман во квалификациите за Лигата на Европа. Откако продолжи сезоната, екипата претрпе пораз само во 26-тото коло од Херта, а во следните четири меча оствари две победи и две ремија.

- Оглас -

Најнови вести