Прв тренинг на Александар Петровиќ по враќањето во МЗТ по 11 години (Фото)

Александар Петровиќ претпладнево го одржа својот прв тренинг откако стана тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Стратегот кој во некои од најтешките времиња на клубот го спасуваше и го водеше тимот, сега има задача да му донесе шампионска титула во Македонија и да се обиде да го внесе во АБА-лигата.

На првиот тренинг под водство на Петровиќ, на паркетот ги немаше македонските репрезентативци, па тренерот се запознаваше со можностите на помладите кошаркари и на странците.

„По речиси 11 години, повторно одлично познато лице како шеф на нашиот стручен штаб. Иако од минатиот пат кога го водеше МЗТ Скопје околностите доста се променија, не се сомневаме дека со твојата стручност, професионалност и, пред сè, енергија заедно ќе ги оствариме зацртаните високи цели.

Ацо, добредојде дома!“, порачаа Металците.

 

- Оглас -

Најнови вести