Прв трипл-дабл за Јокиќ во новата година, Денвер го совлада и Њу Орлеанс (Видео)

Актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс, на крилјата на фантастичниот Никола Јокиќ дојде до победа над Њу Орлеанс од 125-113. Србинот со 27 поени, 10 скока и 14 асистенции дојде до првиот трипл-дабл во новата година, односно 13-ти оваа сезона.

За Никола Јокиќ ова е 133-ти трипл-дабл во НБА кариерата, односно 117-ти во регуларниот дел од првенството. Дека екипата на Њу Орлеанс му лежи, доволно говори и фактот дека ова за него е десетти трипл-дабл против нив, најмногу против било која екипа од НБА, а 14-ти натпревар во серија против Пеликанс дава по најмалку 25 поени.

Што се однесува до мечот, Денвер уште од почетокот на мечот наметна темпо и имаше резултатска позитива која постојано се зголемуваше. Нагетси ги добија првите три четвртини и со предност од 20 поени влегоа во последната четвртина, во која дојде до опуштање, а Њу Орлеанс се избори за достоен пораз против шампионот.

Резултати:

Атланта – Индијана 108-126
Детроит – Хјустон 110-112
Филаделфија – Сакраменто 112-93
Чикаго – Голден стејт 131-140
Мемфис – ЛА Клиперс 119-128
Мајами – Орландо 99-96
Минесота – Портланд 116-93
Сан Антонио – 135-99
Јута – Торонто 145-113
Денвер – Њу Орлеанс 125-113

- Оглас -

Најнови вести