Прва несигурност на Хамилтон: Ќе биде многу тешко

Претсезонските тестови покажаа колку Ферари напредна во однос на минатата сезона, го знае тоа и актуелниот светски првак Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес за две недели ќе ја започне одбраната на титулата во најбрзиот мотоспорт, а смета дека возачите и новите болиди од италијанскиот тим одново ќе му бидат најголеми противници.

„Мислам дека Ферари има околу половина секунда побрзо време во секој круг. На претсезонските подготовки тие беа најбрзи, знам дека сезонава борбата ќе биде најтешка досега. Темпото кое го има Ферари е многу добро, јасно е дека тие ќе ни бидат најголеми предизвикувачи. Но, тоа се само подготовки, награда за тоа не се добива, ќе видиме како ќе се подредат работите кога ќе почне вистинското натпреварување“, истакна Хамилтон.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 17-ти март со трката за Големата награда на Австралија во Мелбрун, додека разбирливо три дена порано се тренинзите и квалификациите за пол-позиција.

- Оглас -

Најнови вести