Прва победа на Салернитана дури во 13-то коло, голчиштето на Кандрева го уништи рекордот на Имобиле (Видео)

Дури 13 кола им требаа на фудбалерите на Салернитана да ја извојуваат својата прва победа сезонава во италијанската Серија А, а нивна прва жртва беше Лацио, кој попладнево во Салерно водеше со 1-0 на полувреме, но на крај загуби 1-2.

Чиро Имобиле погоди од пенал за водство на римските Орли, и тоа беше негов 100-ти гол во Серија А на гостински терен. Имобиле стана прв играч во историјата на Серија А со троцифрен број на гостински голови.

Пресвртот го направи ветеранот Антонио Кандрева (во минатото четири години играше за Лацио и тоа е клубот за кој дал најмногу голови) со феноменален шут од далечина. Голот на Кандрева мора да се види, а може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести