Прва победа во Формула 1 за Леклер

Шарл Леклер ја забележа првата победа во кариерата, откако денеска беше најбрз на патеката Спа Франкшампс, за Големата награда на Белгија.

Младиот француски пилот ја имаше пол-позицијата, а победи пред Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а имаше и малку среќа во финишот на трката.

Антонио Џовинаци излета од патеката во самиот финиш и беше истакнато жолто знаме, во моменти кога Хамилтон беше во налет и ја топеше предноста на Леклер.

Ова е голема победа и за Леклер и за Ферари, а зад Хамилтон и Ботас на четвртото место заврши Себастијан Фетел. Понатаму низ целта минаа Албон, Перес, Квијат, Хулкенберг, Гасли и Строл во топ-10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести