Прва победа за Кина на женскиот Мундијал

Ли Јинг беше најснаодлива во финишот на првото полувреме, погоди во 40. минута за прва победа на кинеската женска репрезентација на Мундијалот што се игра во Франција.

Кина успеа да ја задржи предноста до крајот на мечот од второто коло со Јужна Африка и со првата победа останува во игра за пласман понатаму.

И покрај голот фудбалерките на Кина постојано напаѓаа за да постигнат и втор погодок, но и вака ги прокнижија првите бодови во Б групата и имаат три бода, исто како и Шпанија.

Во последното коло во фазата по групи, токму овие две селекции во меѓусебниот дуел ќе одлучуваат за патникот во следната фаза.

Лидер е Франција со максимални шест бода и дуел со најслабата селекција во групата Јужна Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести