Прва селекторска промена и во јужноамериканските квалификации

Фудбалскиот сојуз на Парагвај соопшти дека му врачиле отказ на досегашниот селектор, Aргентинецот Гиљермо Барос Скелото. Причина за отказот се лошите резултати на стартот од квалификациите за Светското првенство кои веќе започнаа во Јужна Америка. Парагвај на стартот одигра без голови, 0-0, на домашен терен против Перу, додека неочекувано загуби со 1-0 на гостувањето кај Венецуела.

Нов селектор на Парагвај ќе биде Даниел Гарнеро, кој во моментов е тренер и на лидерот во парагвајското првенство, Либертад.

Во Јужна Америка играат 10 репрезентации, а најдобрите шест ќе обезбедат пласман на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Парагвај нема играно на Светско првенство од 2010 година, кога стигна до четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести