Прва смрт на фудбалер од коронавирус, починаа и татко му и вујко му

Боливискиот фудбалер Деиберт Франс Роман Гузман, е првата жртва меѓу фудбалерите во светот од коронавирусот. Овој 25-годишен фудбалер на второлигашкиот тим Универзитат Тринидад во Боливија, ја зави земјата во црно. Тој поради тешка инфекција, неколку недели лежеше во болница и на крај ја загуби битката.

Неговата смрт е тежок удар врз семејството, бидејќи пред тоа како последици од вирусот починаа и неговиот татко (некогашен претседател на фудбалски клуб), и вујко (тренер) кои истотака биле фудбалски работници. Гузман беше поранешен младински репрезентативец, а имал забележителни настапи за прволигашот Насионал Потоси. Во градот Бени (420.000 жители) од кој беше Гузман, има 1.200 заразени, и 77 смртни случаи.

Покојниот фудбалер Гузман има сопруга и две ќерки, за кои засега не е познато дали имаат коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести