Прва второлигашка победа за Вардар

На стадионот ,,Борис Трајковски“ во скопско Маџари, Вардар ја извојува првата победа сезонава во Втората лига запад, откако со 2-0 ја совлада Воска Спорт. Ова беше прва победа за Вардар оваа сезона, а прв пораз за Воска која имаше две победи.

Стрелци за Црвено-црните кои од трибините имаа поддршка од Комитите, беа Никола Наумоски и Кристијан Костовски. Во следното коло, Вардар гостува кај Велешта.

- Оглас -

Најнови вести