Прва жртва на корона-вирусот во англискиот фудбал: Освојувачот на ФА купот од 2013 година прогласи банкрот

Некогашниот англиски премиерлигаш Виган Атлетик е првиот клуб кој настрада поради пандемијата со корона-вирусот. Клубот кој досега беше дел од Шампионат лигата, прогласи банкрот и замина во стечај. Здружението на англиските лигаши (ЕФЛ) во соопштение потврди дека на Виган ќе му бидат одземени 12 бодови.

Доколку клубот заврши во сигурната зона на табелата, тогаш 12-те бодови ќе му бидат одземени на крајот од сезоната, а доколку испадне во Лига еден, тогаш 12-те бодови ќе му бидат одземени пред почетокот на следната сезона.

Виган одлично продолжи по тримесечната пауза поради корона-вирусот и победи на сите три меча кои ги одигра. На шест кола до крајот на сезоната, Виган има осум бода пред зоната за испаѓање. Виган долго време беше дел и од Премиер лигата, а во 2013 година сензационално го освои ФА купот откако во финалето минимално со 1:0 го победи Манчестер сити.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести