Египет оствари рутинска победа од 2-0 над Конго во второто коло по групи на Африканскиот Куп на нации и го одржа победничкиот ритам. Со новите три бода домаќините се чекор поблиску до следната фаза, а во вчерашниот меч и првата ѕвезда Мохамед Салах отвори своја сметка на шампионатот.
Капитенот Елмохамади по 25 минути игра го доведе Египет до посакуваното водство, за Салах да ги постави конечните 2-0 на неколку минути пред паузата. Конго, за разлика од Зимбабве, делуваше многу поопасно, но нивните обиди во вториот дел беа залудни па така Египет по два меча освои максимални шест бода и веќе размислуваат за следната фаза од натпреварувањето.
https://www.youtube.com/watch?v=R8VHRoApyyg