Први реакции по историската одлука: Монополот на УЕФА е готов, фудбалот е слободен

Челниците на проектот европска Суперлига не го кријат задоволството од одлуката на Европскиот суд на правдата која е во нивна корист. Со денешната одлука дека УЕФА и ФИФА ја злоупотребувале позицијата на моќ, отворен е патот за формирање на европската Суперлига.

https://twitter.com/i/status/1737778244911563059

Првата реакција дојде од Бернд Рајнхард, директорот на компанијата „А22“, која е промотор на Суперлигата.

„Победивме. Монополот на УЕФА е готов, а фудбалот е бесплатен. Клубовите сега се слободни од закани и санкции и можат сами да одлучуваат за својата иднина“, изјави Рајнхард.

Тој додаде дека на навивачите ќе им понуди бесплатно следење на сите натпревари во Суперлигата, а на клубовите им гарантира солидарна распределба на приходите.
Со реакција се јавија и најголемите противници и кои најмногу би загубиле ако Реал Мадрид и Барселона одлучат да не играат во домашниот шампионат, тоа се Ла Лига и првиот човек Хавиер Тебас.

https://twitter.com/LaLigaCorp/status/1737757581156741186?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1737757581156741186%7Ctwgr%5E1069f960e0b9110c7133994ad967a3e7b9826078%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Fnogomet%2Fnogomet-medjunarodni%2Fstizu-reakcije-na-povijesnu-odluku-nogomet-je-slobodan-navijaci-cekaju-vas-besplatne-ulaznice-15407494

 

„Денеска повеќе од кога било треба да се потсетиме како Суперлигата е себичен и елитистички модел. Секој формат на натпреарување кој не е отворен за клубовите со директен пристап во натпреварувањето преку националните лиги е затворен модел на натпреварување“, објави Ла Лига на Икс.

И првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, реагираше на одлуката на Европскиот суд на правдата.

„Луѓето од Суперлигата почнаа да го загадуваат медумскиот простор, како што и претходно предупредував. Секогаш можеа да организираат натпреварувања надвор од УЕФА и ФИФА и тоа не може да им се забрани. Проблемот е во условите на тие натпреварувања кои би биле под капата на УЕФА и ФИФА. Судот вели дека правилата кон натпреварувањата на ФИФА и УЕФА мора да бидат транспарентни, но што е со Суперлигата. Критериумите за натпреварување мора да бидат транспарентни, објективни и недискриминаторски, а тие начела се неспоиви со Суперлигата“, рече Тебас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести