Први тензии помеѓу Суарес и Гриезман, се избегнувале на тренинг

Луис Суарес почна да тренира со екипата на Барселона, но присутните новинари кои ги следеле тренинзите велат дека тој го избегнувал новиот соиграч Антоан Гриезман, дури и не се ни погледнувале еден со друг.

Уругваецот се поздравил со Французинот пред тренинг, но потоа односот им бил многу студен. Веројатно „канибалот“ уште го нема заборавено она што се случуваше на ланското СП во Русија, кога Гриезман не го прослави голот против Уругвај бидејќи многу ја почитувал таа земја од која имаше неколку соиграчи во Атлетико Мадрид.

„Тој е Французин, од каде знае како е да се биде Уругваец? Не знае кои сме ние и низ што сме минувале и што сме требале да направиме за да успееме во фудбалот“, рече тогаш Суарес, кој на вчерашниот тренингот постојано бил покрај Жарарт Пике, а на Гриезман не му се доближил и не си размениле ниту еден збор.

Од друга страна, Гриезман најмногу се дружи со сонародниците Умити и Дембеле, па тие си имаат свој мини-клан.

- Оглас -

Најнови вести