Првиот човек на Фенербахче е дециден: Нема зошто да се извинуваме на Украинците

Претседателот на Фенербахче, Али Коч изјави дека нема намера да се извинува на Украинците поради скандирањата „Путин, Путин“, на дел од навивачите на турскиот гигант, за време на дуелот против Динамо Киев, во меч од квалификациите во Лигата на шампиони.

Динамо се пласираше понатаму откако победи во Истанбул, а голот за водство на тимот од Киев го постигна Витали Бујалски, кој реши да прослави покажувајќи со рацете во знакот на орел, што е заштитен знак на Бешикташ.

Овој потег ги налути домашните фанови кои потоа почнаа да го извикуваат презимето на рускиот претседател „Путин, Путин“. Овие скандирања наидоа на остри осуди од светската јавност, но првиот човек на Фенербахче имаше објаснување.

„Нема да се извиниме на Украинците. Навредени сме што тие очекуваат некакво извинување“, рече Коч, кој додаде дека ако дел од навивачите скандирале не значи дека тоа е позиција и став на клубот Фенербахче и затоа нема зошто тие да се извинуваат.

- Оглас -

Најнови вести