Првиот човек на Лион го „чепка“ Меси

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, пред утрешниот меч на неговиот тим против Барселона од осминафиналето во Лигата на шампионите изјави дека Лионел Меси никогаш не бил посебно инспириран во дуелите со Лион, па се надева дека повторно ќе биде така. Ола посака Меси да се разболи и да не игра утре.

Во интервјуто за „Ле Фигаро“, Ола вели дека најимпресивен противник со кој се сретнал Лион е Кристијано Роналдо, кој во 2004 година сам донел пресврт за Манчестер јунајтед против Лион, а за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, вели дека е многу харизматичен.

Ола во март ќе наполни 70 години, а до пензионирањето, кое го планира за пет години, сака машкиот тим на Лион да го види на врвот во Лигата на шампионите, бидејќи женскиот тим има пет европски титули.

Пред 10 години, Барселона го елиминираше Лион. Во Франција мечот заврши 1-1, а во Шпанија беше 5-2. Можеби првиот човек на Лион заборавил дека од четирите меча на коишто играл Меси против Лион, тој на три се запишувал во листата на стрелци.

- Оглас -

Најнови вести