Навивачи на Реал Мадрид синоќа на паркингот во салата на Реал го начекаа претседателот на клубот Флорентино Перез, и сакаа да се фотографираат со него, а еден од нив ја искористи приликата да го праша првиот човек на Кралскиот клуб за трансферите на Алфонсо Дејвис и Килијан Мбапе.
Но, одговорите кои ги доби овој фан беа неочекувани и станаа хит на социјалните мрежи.
„Мораш да го донесеш Дејвис“, му вели навивачот на претседателот на Реал, на што Флорентино Перез одговори: „Дејвис? Кој е Дејвис?
Работата не застана тука бидејќи веднаш потоа фанот му кажа „Со Дејвис и Мбапе ќе освоиме сè“, а потоа го прашува дали доаѓа Мбапе.
„Мбапе? Кој е Мбапе?“, иронично рече Перез, кој не сакаше да открие ништо.
https://twitter.com/i/status/1765883722560049491