Првиот и петтиот во Бундеслигата имаат ист број бодови

Келн даде гол во 92-ра минута за нерешени 1-1 на гостувањето кај Шалке 04, и го спречи тимот од Гелзенкирхен да стане осамен лидер на табелата во германската Бундеслига.

Табелата во Германија изгледа неверојатно. Баерн Минхен, Фрајбург, Лајпциг, Шалке и Баер Леверкузен се на делба на врвот со по 14 бода од седум кола. Интересно е што освен тоа што дури пет тима се изедначени на првите позиции, во ова коло ниту еден од овие пет тима не победи, па шестата Борусија Менхенгладбах им се доближи на еден бод негатива.

За Келн, ова беше прво реми сезонава, но во Шалке треба да жалат што не ги израдуваа своите навивачи кои беа подготвени да прослават триумф за лидерство на табелата.

- Оглас -

Најнови вести