Првиот меч Реал – Манчестер сити ќе биде осакатен со неиграње на најголемите мајстори?

На осум дена пред првиот полуфинален меч од фудбалската Лига на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, владее неизвесност кај двата клуба дали ќе може да сметаат на нивните клучни играчи во средниот ред.

Кај Реал, повреден е Лука Модриќ, кој се надева на чудо дека ќе закрепне до дуелот со Сити следниот вторник. Без Модриќ кој е главен креативец во тимот, средниот ред на Реал ќе биде ослабен на најважниот меч за нив.

Манчестер сити вчера играше без Кевин де Бројне кој се повредил на дербито со Арсенал, откако прикажа феноменална игра. Менаџерот Пеп Гвардиола изјави дека не знае колку време ќе отсуствува Белгиецот и тоа остава простор за шпекулации, и можеби до последен момент ќе тактизира со објавата дали тој ќе игра или не.

Иако и за Модриќ и за Де Бројне, овие тимови имаат солидни замени, штета би било ако едниот или двајцата мајстори, не може да играат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести