Прво атлетско злато во историјата на Порторико

Атлетичарката Јасмин Камачо-Квин победи во женското финале на трката 100 метри со пречки и го освои првото олимписко злато во историјата на Порторико во атлетика.

Ова е и прво одличје за Порторико на Олимпијадата во Токио, за кое Камачо-Квин најави борба уште во полуфиналето кога го урна олимпискиот рекорд со време од 12.26. Ѝ недостасуваа шест стотинки да го урне и светскиот рекорд на Американката Кендра Херисон, која патем се закити со сребрениот медал по ова финале.

Камачо-Квин истрча за 12.37 секунди во финалето, Херисон запиша време од 12.52, додека бронзениот медал припадна на Јамајканката Меган Тејпер со време од 12.55 секунди.

- Оглас -

Најнови вести