Прво блиндиран автомобил, па потпис

Рио де Жанеиро е преубав бразилски град во кој има и многу опасни населби особено ако сте познат и со пари, па јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда во преговорите со клубот Ботафого побарал да му биде обезбедено блиндирано возило со кое би се движел и би се заштитил од евентуален напад на бандите.

Некогашниот играч на Милан, ЦСКА Москва, летоска си замина од Мелбурн виктори, па премина во холандскиот Витесе, но и таму остана кратко, па сега е во завршни преговори за трансфер во бразилскиот Ботафого. Доколку двете страни „се најдат“ околу финансискиот дел и барањето за блиндиран автомобил, Хонда ќе го облече дресот на еден од најголемите клубови во Рио и Бразил.

 

- Оглас -

Најнови вести