Прво Гренд слем полуфинале за Бенчиќ

Белинда Бенчиќ за првпат во својата кариера ќе игра полуфинале на еден Гренд слем. Нејзиниот рекорден пласман на ОП на САД го обезбеди по триумфот од 2-0 во сетови (7-6, 6-3) против Дона Векиќ. Швајцарката по еден час и 42 минути славеше против младата хрватска тенисерка, која ѝ правеше доста проблеми во првиот сет.

Векиќ се покажа како тврд орев откако го направи првиот брејк на мечот за водство од 5-4 во гемови. Но, тоа не беше доволно за Хрватката, Бенчиќ возврати со иста мера, па во тајбрејкот ја искористи дури третата сет-топка. Се почувствува пад на самодовербата кај Векиќ, а сето тоа го искористи Швајцарката и со два нови брејка и по три меч-топки го обезбеди пласманот во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести