Прво си даде автогол, а потоа самиот „се улови“ во мрежата (Видео)

На дуелот меѓу Расинг Монтевидео и Плаза Колонија се случи еден несекојдневен момент, а во фокусот на вниманието беше еден гостински фудбалер. Жорге Ајала едноставно немаше свој ден откако си постигна автогол во седмата минута, но тоа не беше неговиот „најдобар“ момент.

Комична беше ситуацијата кога Ајала беше зад голот и сакајќи да дојде до другиот дел, едноставно се заплетка во мрежата и падна.

За среќа на Ајала, гостите до крајот на средбата успеаја да израмнат на 1:1 и да се вратат непоразени од ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести