Прво спаси чист погодок, а 30 секунди потоа си даде автогол (Видео)

Франција не дозволи ново изненадување во квалификациите за Светското првенство и славеше на гостински терен кај Казахстан со 2:0. Галските петли уште во првото полувреме дадоа два гола и ги решија сите дилеми околу победникот.  Ѕвездата на Барселона, Усман Дембеле погоди за 1:0 во 19 минута.

https://streamable.com/ujukq1

Гостите зголемија на 2:0 пред крајот на првиот дел, кога Сергеј Малиј си даде автогол. Интересно е што 30-тина секунди пред да биде постигнат вториот погодок за Франција, токму Малиј одлично реагираше и спаси сигурен гол, исфрлувајќи ја топката во корнер. Токму по тој корнер на Французите, Малиј со глава си даде автогол.

Килијан Мбапе имаше шанса за 3:0, но промаши пенал во 75 минута. По две одиграни кола, Франција има четири бода, додека за Казахстан ова беше прв меч од квалификациите.

 

- Оглас -

Најнови вести