Работнички и Силекс одиграа меч во кој двете екипи повеќе гледаа да не загубат отколку да победат, па најреално беше резултатот на крајот да е 0:0. Ова беше дерби во 30 коло на прва фудбалска лига на Македонија, коло во кое лидерот Шкендија ремизираше 1:1 на гости кај Струга Трим Лум.
Овие два резултати на екипите кои се на првите четири места на табелата значи дека нема никакви промени околу бодовната разлика. Шкендија е лидер со 64 бодови, пред Силекс со 60 бодови, додека Работнички има 56 бодови. Струга ТЛ е на четвртото место со 48 бодови.
Интересно е и во долниот дел од табелата, каде Беса со 2:1 славеше над Брера, па сега овие две екипи имаат по 27 бодови. Вчера Вардар со 2:0 го победи Шкупи во „Чаир“, а во ова коло два меча не се одиграа.
Екипите на Воска Спорт и Гостивар самоиницијативно решија да се повлечат од првенството. Воска во ова коло требаше да игра против Тиквеш, додека Гостивар не се појави на дуелот против Пелистер.
Според пропозициите, Воска Спорт и Гостивар, адмонистративно веќе се испаднати од Прва лига и ќе бидат префрлени во најнизок ранг на натпреварување во следната сезона.
ТАБЕЛА: Шкендија 64 бодови, Силекс 60, Работнички 56, Струга 48, Вардар 38, Пелистер 35, Шкупи 34, Тиквеш 29, Брера 27, Беса 27. Воска спорт и Гостивар самоиницијативно се откажаа од лигата.