Првото засилување за Тен Хаг ќе дојде од „Стемфорд бриџ“

Манчестер јунајтед деновиве и официјално ќе започне преговори со Челси за трансферот на Мејсон Маунт.

По обезбедувањето на пласман во Лигата на шампионите следната сезона, менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг, најави голема реконструкција на тимот, ослободување на неколку играчи и ангажирање нивна замена со која, би се нападната титулата во Премиер лигата.

Токму Маунт се наоѓа високо на листата на желби на Тен Хаг и управата на Јунајтед му порача дека ќе стори сè за го донесе англискиот репрезентативец на „Олд трафорд“ со цел да го освежи средниот ред.

Олеснителна околност за Манчестер јунајтед е таа што договорот на Маунт со Челси истекува идното лето и фудбалерот нема намера да го продолжува.

- Оглас -

Најнови вести