Првпат после 17 години португалската „седумка“ ја носеше некој што не е Кристијано Роналдо

Фудбалерот на Брага, Брума, на пријателскиот меч со Шведска стана првиот Португалец во последните 17 години кој го носел дресот со бројот 7, а да не е Кристијано Роналдо.

Брума доби неверојатна чест и со гол ја оправда довербата. Уште од 2007 година наваму се немаше случено некој што не е Роналдо да ја носи седумката. Тоа беше само за еден меч, задутре Португалците играат со Словенија во Љубљана, а бројот 7 ќе го носи Роналдо кој не играше со Шведска, додека Брума ќе носи 17-ка.

Португалскиот селектор Роберто Мартинес има слатки маки околу составот.

Може да си дозволи за контролата со Словенија да им даде одмор на осум ѕвезди како Бернардо Силва, Рубен Диас, Жоао Паљиња, Нелсон Семедо, Тоти Гомеш, Рафаел Леао, Бруно Фернандеш и Гонсало Рамос, а на нивно место ќе бидат други осум ѕвезди кои не настапија против Шведска.

Тоа се Диого Далот, Жоао Кансело, Данило Переира, Отавио, Рубен Невеш, Витиња, Жоао Феликс и Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести