Првпат во историјата еден фудбалер во иста сезона освои две различни европски натпреварувања

Една сезона, два европски трофеи од различни натпреварувања. Тоа досега никој го немаше направено, а синоќа му појде од рака на 24-годишниот Иван Гесан.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, до јануари играше во Астон вила, настапуваше и во Лигата на Европа со тој тим (имаше два гола на седум меча), а потоа замина на позајмица во Кристал палас, со којшто синоќа ја освои Конференциската лига. Во Конференциската играше на шест меча и даде еден гол. Така тој си доби златни медали и за титулата во Лигата на Европа и во Конференциската лига, што го прави уникат во европскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести